За Мицкоски Договорот со Грција е мртов, бидејќи така одлучи народот

Ова манипулативно и повеќезначно прашање, исклучиво е наменето за спас на политичката кариера на Зоран Заев и неколку пајташи околу него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Реалното прашање требаше да биде исклучиво и само за овој капитулантски договор кој што Зоран Заев го потпиша со нашиот јужен сосед“, рече Мицкоски.

Ова значи дека договорот е мртов.

„Од вчера па натаму, на сите ни е јасно дека тука работата е завршена. Треба да го прашаме и Зоран Заев, конечно дали се помири со вистинската слика во Република Македонија, а тоа е дека овој договор и де јуре и де факто е завршена приказна“, истакна Мицкоски.