Ново здолжување на државата за уште 32 милиони евра

Министерството за финансии за денеска закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 1,95 милијарди денари односно околу 32 милиони евра.

Министерството за финансии пред десетина дена одржа аукција на хартии од вредност со која повлече 3,5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра.

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра. Меѓутоа, капиталните инвестиции отсуствуват.