
Литванците наскоро ќе мораат да платат казна, доколку бидат забележани како користат мобилен телефон при преминување на улица, со цел да се намали бројот на жртвите во сообраќајни несреќи.
Пешаците повеќе нема да смеат да користат мобилни телефони кога ја преминуваат улицата, изјави литванскиот министер за сообраќај, Рокас Масиулис, после состанок на владата.
Казната за овој прекршок ќе изнесува до 40 евра.
Градот Хонолулу на Хаваите усвои сличен закон минатата година, но во поблага форма.
Пешаците во тој град можат да зборуваат на телефон додека ја поминуваат улицата, но не смеат да испраќаат пораки.
Литванија е трета земја во Европската Унија по стапката на смртност во сообраќајни несреќи, веднаш после Романија и Летонија.