Поранешен претседател на Јужна Кореја осуден на 15 години затвор

Судот во Сеул го  осуди на 15 години затвор поранешниот претседател на Јужна Кореја,  Ли Мијунг-Бак поради. Тој беше претседател од 2008 до 2013 година.

Ли е четвртиот поранешен претседател на Јужна Кореја да оди во затвор. Неговиот наследник, Парк Геун-Хе, беше исто така во затвор поради посебен корупциски скандал, поради кој беше заменета во 2017 година.

Ли беше обвинет дека добил околу 10 милиони долари нелегални средства од компании како што се конгломератот „Самсунг“ и од сопствената разузнавачка служба.

Тој ги отфрли сите обвиненија и рече дека истрагата е политички мотивирана.