ВИДЕО: Доналд ако сакаш да го најдеш одговорниот за поскапувањето на нафтата, погледни се во огледало

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, е во право кога се жали дека глобалните цени на нафтата се премногу високи, но дополнил дека претседателот на САД ја сноси вината за тоа.

Претседателот Трамп рече дека смета оти цената на нафтата е превисока. Па, веројатно, до одреден степен, тој е во право, но ние сме апсолутно во ред со цена од 65 до 75 долари за барел, за да обезбедиме ефикасно работење на нафтените компании и да обезбедиме инвестиции, изјавил Путин, вчера, за време на обраќањето до делегатите на Рускиот форум за енергија во Москва.

Потоа претседтаелот на Русија рекол:

Доналд ако сакаш да го најдеш одговорниот за поскапувањето на нафтата, погледни се во огледало.