
Шпанската оперска певица Монсерат Кабаје, чиј дует со Фреди Меркјури стана химна на Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година, почина на 85 години, објави ББЦ. Таа била примена во болница во Барселона минатиот месец, откако веќе некое време имала сериозни здравствени проблеми.
Кариерата на Кабаје долга половина век почнала во оперите во Базел и во Бремен, а меѓународна слава стекна во 1965 година со изведбата на насловната улога во „Лукреција Борџа“ во „Карнеги хол“ во Њујорк, што беше нејзино деби во САД. Во кариерата настапувала и во „Метрополитен“ во Њу Јорк, во Сан Франциско и во Виена. Често пееше во друштво на најпознатите машки колеги, меѓу кои и Лучијано Павароти и Пласидо Доминго.
Песната „Барселона“ беше првпат издадена во 1987 година, но во 1992 година стана химна на Олимпијадата и вистински евергрин.