
Актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од пол-позиција ќе ја стартува утрешната трка за Големата Награда на Јапонија, откако беше најбрз во квалификациите на „Сузука“, исто како и на вчерашните дв слободни тренинга.
„Мерцедес“ е супериорен викендов, а тоа го потврди Валтери Ботас, кој ќе стартува до својот тимски колега. Трет во квалификациите е возачот на „Ред Бул“, Макс Вертапен, а до него ќе биде Кими Раиконен на „Ферари“. Неговиот колега и конкурент за титулата, Себастијан Фетел поради лоѓата стратегија аврши на деветтата позиција.
Возачите на „Мерцедес“ уште во втората сесија покажаа дека се доминантни во Сузука откако на меки гуми забележаа подобри времиња од „Ферери“ на супер меки. Во продолжението падна мал дожд, по кој возачите на „Ферари“ излегоа на патеката со гуми за мешани услови што се покажа како погрешно бидејќи најголемиот дел од патеката беше сув. Додека Фетел и Раиконен пак ги менуваа гумите, возчите на „Мерцедес“ поставија најдобри времиња. На возчите на „Ферари“ им остана време во летечкиот круг да го подобрат резултатот, но условите на патеката беа влошени. Така само Финецот успеа да се пробие на четвртото место, а Германецот поради мало излетување во песокот извозе деветто време.