
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол од слободен удар за победа на „Леванте“ против „Гетафе“, што е негов прв сезонава во Примера. Барди поради грип не настапи на претходниот натпревар, а на денешниот влезе од клупата за резервни играчи и стана херој на домаќините.
https://youtu.be/LZGwAJZRG9M
По ланските девет гола, од кои пет од слободен удар, Барди уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Европа во моментов. Затоа и весникот „Марка“ во насловот вели дека „Не го викајте Барди, викајте го снајперист“.
Многу сум среќен за мојот прв гол сезонава, но многу посреќен сум за трите бода. Ова беше многу тежок меч, знаевме дека Гетафе ќе игра со долги топки, ќе играат на ‘втора топка’ и имавме многу проблеми за да ги сопреме. Тимот добро се чувствува, работиме напорно на теренот. Јас знаев дека головите ќе дојдат, само требаше да се има трпение. Пресреќен сум за трите бода зошто завршивме одлична работа. За нас секој меч и секој бод е многу важен. Со 42 бода ќе бидеме мирни, ама за тоа треба многу работа и да продолжиме во овој стил, изјави Барди .