
Дваесет лица загинаа во судир на лимузина и друго возило, вчера во државата Њујорк, соопшти њујоршката државна полиција. Не се познати причините за несреќата.
Според локалните информации, во лимузината се возеле сватови кои оделе на свадба, а со другото возило се судриле на крстосница во градот Скохери, 250 километри од Њу Jорк.
Не се знае колкумина од загинатите биле во возилата, а колкумина се пешаци. Местото било преполно со луѓе и паркирани коли во времето на несреќата.