Не дозволувајте поради мене да ве уценуваат

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук објави, како што вели, проглас до неговата партија во која напиша дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето. Ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија.

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија. Но, и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија. Бидејки ВМРО-ДПМНЕ е “последниот меч” на одбраната на државните и националните интереси на Македонија.

Иако верувам дека и без ова мое предупредување ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи спротивното, сепак, сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве од Апелациониот (читај: политичкиот) суд во Скопје, поврзана со набавката на безбедносно заштитено возило пред 6 години. Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала отстапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог, напиша Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10156851987057716?__xts__%5B0%5D=68.ARAp1QXfdavzkoUXuXkbUY3KwP8z0a2lsPaUjsGdvln0DjjksURJoGSfMt7Gk1yt6_J-UFidGYarg3WiWNV5YgCfppRYMklOYMm1urzL4fJZpYAAI14IoD0bGA3OwR1AdCAMIHlyma3AE-_A9keykW8aY3FsQFJGjgO3qdVL_smPt15T-Pdl4hk&__tn__=-R