
Ракометарите на „Металург“ загубија и по четврти пат сезонава во Лигата на шампиони, овој пат на гостувањето во Данка, кај „Силкеборг“ со 33:25.
Тимот предводен од Данило Брестовац ја повтори играта од претходните натпревари. Ракометарите од Автокоманда играа добро прво полувреме, имаа и на два пати предност од два гола разлика, 10:12 и 11:13, но попуштија во финишот па домаќините на одморот замина со водство од 16:14.
Во второто полувреме следуваше вообичаениот пад на „Метаалург“ кој почна во финишот на првиот дел, па „Силкеборг“ постојано го зголемуваше водството, најголемото девет разлика, за конечни 33:25.
Убедливо најефикасен во тимот на Металург беше Јагањац со десет постигнати голови, по четири реализираа Токиќ и Арсеновски.
И следниот натпревар на „Металург“ е на гостински терен, овој пат кај Чеховски Медведи.