
Жител на Градско завршил во болница откако бил претепан од сосед, информираше МВР.
Инцидентот се случил околу 23.20 часот во улицата 8 Септември во населбата Стопанство.
Тогаш по претходна расправија со М.П., Ш.Ф.влегол во дворот од куќата на соседот и со лопата го удрил во главата и телото. Откако го истепал М.П., насилникот со лопатата почнал да удира и по неговиот автомобил. На М.П. му е укажана лекарска помош во Општа болница Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.