Шеесет и осумгодишен маж се обидел да силува осумгодишно девојче

Шеесет и осумгодишен маж се обидел да силува осумгодишно девојче во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера околу 15.20 часот на улицата „Индира Ганди“, М.Ф. (68) од Скопје се обидел да изврши полов напад врз осумгодишно девојче. Тој бил спречен од страна на случаен минувач и бил приведен во полициска станица – велат од МВР.