
Полицијата во Ден Бош вечерва уапсила човек со експлозивна направа. Осомничениот седел во паркиран автомобил во близина на полициска станица, единица за противпожарната служба и џамија, пренесува холандскиот јавен сервис „НОС“.
Како што е наведено, полицијата веднаш интервенирала откако добила информации дека едно лице има експлозив. Сомнителниот пакет бил пронајден во автомобил „фолксваген поло“.
Улицата во која е уапсен осомничениот е затворена за сообраќај, додека околните канцеларии се евакуираат од претпазливост. Бројни пожарникари и амбулантни возила излегоа на самото место.
Осомничениот е уапсен, а автомобилот во моментов се прегледува о припадници на Одделот за заштита од експлозии.
Засега не е познат мотивот за можниот напад.