Ванковска: Со драконски казни се сака да се крши ‘рбетот на опозициските пратеници

Шестгодишната затворска казна којашто ја изрече во понеделникот Кривичниот суд Скопје за попранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот „Тенк“ односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“, претставува обид за вршење притисок врз опозициските пратеници, смета професорката Билјана Ванковска.

„Јанкулоска осудена на 6 години затвор за набавка на мередес во државна сопственост, кој ЗЗ си го вози и за лични потреби! Ваква драконска казна е само уште еден од џокерите за притисок и кршење на кичмата на опозициските пратеници!. Нема правда, нема мир!“, пишува во својот пост на фејсбук, универзитетска професорка Билјана Ванковска.

 

Инаку, спорното блиндирано возило „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, набавен од страна на претходната влада за што пред Јанкулоска експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, беше осуден на двегодишна затворска казна, а пораншениот помошник-министерМинистерството за внатрешни работи одговорен за за јавни набавки, Ѓоко Поповски, на шест години затвор, пред две седмции беше користено за превоз на претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан при неговата посета на Македонија.

Иако премиерот Зоран Заев во изборната кампања на локалните избори на митинг во Скопје ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го продаде и ќе купи амбулантни возила, претходно во мај, во текот на посетата на земјава истото безбедносно блиндирано возило се користеше за превоз на британската премиерка Тереза Меј, а се користеше и при посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и за други високи странски државници.

Двајцата челници на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, не додржаа и уште во мај минатата година се развозуваа со блиндиран „мерцедес С600“ во ноќна прошетка низ Скопје и до Велес.