
Редок бел тигар уби чувар во зоолошка градина во Јапонија, изјавија официјални лица.
Чуварот на возраст од 40 години бил пронајден со повреда на вратот во кафезот на тигрите и префрлен во болница каде што бил прогласен за мртов.
Официјални лица веруваат дека чуварот бил нападнат од еден од четирите бели тигри во оваа градина, објавија локалните медиуми.
Тигарот бил успиен со средство за смирување пред спасувачите и полицијата да дојдат на местото.
Нападот се случил доцна синоќа во зоолошката градина Хиракава во јужниот дел на Кагошима.