Експлозија на магацин со муниција во Украина

Околу 10.000 луѓе се евакуирани по експлозија и пожар во магацин со муниција на Министерството за одбрана на Украина, рано изутринава 176 километри источно од Киев, соопштиле официјалните лица.

До експлозија дошло пред 3.30 часот во засолниште со муниција во регионот Чернигов, после што изби пожар, соопшти Генералштабот на украинските вооружани сили, пренесува Тасс.

Засега нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа или до експлозијата дошло сосема случајно, пренесува Ројтерс, кој наведува дека избиле повеќе експлозии.

Од 4.30 часот по локално време, воздушниот простор на Украина е затворен во круг од 20 километри од засолништето, додека копнениот и железничкиот сообраќај е во застој, соопштува службата за вонредни ситуации.
Стотина лица се распоредени на лице место, се наведува во соопштението, а таму се упатил и началникот на вооружаните сили.

Британската агенција потсетува дека изминатите години забележани се повеќе големи пожари во складишта со муниција и оружје во Украина и напоменува дека украинската војска се бори против проруските активисти на истокот на земјата од 2014 година.
Се потсетува дека и минатата година, поради експлозии од големи размери во воените засолништа во региониот Виницја, 270 километри од Киев беа евакуирани 24.000 луѓе.