
Најнизок економски раст во државите од Западен Балкан во 2018 година, според најновата проценка на Меѓународниот монетарен фонд, ќе има Македонија за 1,6 отсто, а највисок во Србија, Албанија и косовската економија- по 4,0 отсто.
Во есенскиот извештајот на ММФ „Перспективи на светската економија“ се предвидува дека овогодишниот раст на БДП на Босна и Херцеговина се очекува да изнесува 3,2 отсто.
Хрватска очекува економски раст од 2,8 отсто, а Црна Гора од 3,7 отсто.
Извештајот на ММФ е објавен на интернет страницата на оваа финансиска институција по повод годишната конференција на Фондот и Светската банка во Бали која е во тек.