Масовна тепачка во училишен двор

Повеќе лица учествувале во тепачка во дворот од ОУ„Кирил Пејчиновиќ“ завчера во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 16.30 часот. Тогаш А.С.(51) од Скопје физички нападнал 11-годишно момче. Насилникот физички го нападнал и  З.В.(61) од Скопје, кој се обидел да го заштити детето. Набргу потоа А.С. започнал и тепачка со лицата Д.П.(20), С.Н.(38) и К.Л.(36), кои реагирале на нападот на насилникот врз детето.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.