
Ураганот Мајкл кој зад себе остави призори на пустошење на Флорида, предизвикал смрт на најмалку 17 лица, а властите стравуваат дека овој црн биланс ќе расте, како и дека операциите на спасување ќе траат долго.
Мајкл во петокот вечерта се врати на ниво на бура, и започна во текот на ноќта кон саботата по локално време да се оддалечува од американскиот брег, но бројот на неговите жртви продолжи да расте. Мајкл во средата налета на брегот на Флорида со ветрови со јачина од 250 километри на час.
Малото летувалиште Мексико Бич е опустошено, изјави гувернерот на Флорида, Рик Скот, опишувајќи го местото како „воена зона“. „Како да експлодирала бомба… Се трудиме да ги одржиме луѓето во живот, да ги снабдиме со медицинска помош оние на коишто им е потребан и да донесеме храна и вода“, додаде гувернерот.
Во ова гратче десетици куќи, продавници, ресторани целосн се однесени од ветрот за повеќе стотици метри во внатрешноста на копното, или се претворени во парчиња од остатоци.
Станува збор за најжестокиот ураган кој го погодил северозападот на американската сојузна држава Флорида откако започнале да се бележат овие временски непогоди во 1851 година.
Мајкл ги погоди за другите сојузни држави движејќи се покрај брегот, како Вирџинија, Северна Каролина, којашто веќе беше погодена од ураганот Флоренс минатиот месец, како и Џорџија.
Меѓутоа, Агенцијата за управување со итни ситуации предупреди дека би можело да има уште жртви. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе отпатува на Флорида и во сосдната држава Џорџија, на почетокот од седмицата.