17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

За уставните измени пратеничката група е целосно на една страна

Ставот за уставните измени останува ист, вели Тони Михајловски во изјава за „ТВ24“ веднаш по завршувањето на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-За уставните измени има став, пратеничката група е целосно на една страна. За сега нема пазарања, притисоците остануваат. Разговараме за предвремените избори, за можни понатамошни проекции. Немаше ништо спектакуларно како што очекуваше јавноста, рече Михајловски.

На седницата најмногу станало збор за евентуалните предвремени избори при што дел од дискутантите зборувале за програмата што партијата ќе ја понуди. Многу помал дел од ИК зборувале за гласањето в понеделник кога ќе се гласа за потребата од промена на Уставот.