
Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека очекуваат бебе следната пролет.
Нивното кралско величанство Војводата и Војвоткињата со задоволство објавуваат дека Војвотката од Сасекс очекува принова која на свет ќе дојде на пролет 2019 година. Принцот Хари и Меган Маркл се благодарни на пораките за поддршка кои пристигнаа од сите страни по нивната венчавка и се среќни што оваа радосна вест може да ја споделат со јавноста, пишува на официјалниот „Инстаграм“ профил на Кенсингтонската палата.
https://twitter.com/KensingtonRoyal/status/1051739344887848960