
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција во Владата во вторникот, најави дека во четврток започнуваат преговорите за членство во НАТО, по поканата добиена по потпишувањето на Договорот од Преспа.
Со членство во НАТО добиваме подобра и побезбедна иднина, подобро платени работни места, побезбедни граници… Пратениците со притискање на копчето „за“ ќе стават крај на на 27-годишниот макотрпен пат до членство во НАТО. Не смееме да дозволиме да надвладеат личните интереси. Доколку не се обезбеди двотретонско мнозинство, тогаш Собранието на РМ очекуваме во најкус можен рок да закаже предвремени парламентарни избори на кои ќе го обезбедиме двотретинско мнозинство“, изјави Шекеринска.
Претходно рече дека во моменти кога членствово во НАТО е на дофат, јасно е дека ови процеси ќе бидат независни, каки и дека оваа ориентација е присутна во политичките програми на сите политички партии од осамостојувањето до денес. Додаде дека Македонија нема многу време за губење и според неа, оваа држава сака да биде успешна и да е дел од најмоќниот систем на колективна безбедност.
„Сега е моментот, сите, особено пратениците во Собранието. Со притискање на копчето „за“ ќе учествуваат во крупните чекори. Никој нема право да и ја одземе иднината на оваа земја. Граѓаните предолго чекаат добра вест. Во текот на овие разговори, Македонија ќе потврди дека целосно ги прифаќа одредбите. Доколку на политичка сцена преовладее разумно однесување, нашите очекувања се дека во првиот квартал на 2019 година ќе биде подготвен протокол за членство во НАТО. Македонија точно знае што сака, сака да биде дел од најмоќен систем на колективна безбедност. Македонија сака да биде успешна“, истакна Шекеринска.
Министерката за одбрана на новинарско прашање го дообјасни денеска говорoт на премиерот, Зоран Заев, кој на вчерашната собраниска седница понуди помирување со опозицијата и простување за настаните од 27-ми април, што дел од јавноста го сфати како понуда за амнестија.
На новинарско прашање што значи дека цената за таквото помирување може да биде и неговата политичка кариера, Шекеринска одговори:
„Правдата и помирувањето не се исклучиви туку се надополнуваат. Пораката која ја испрати премиерот беше во таа насока. На оваа држава и е неопходна правда, тоа го ветивме и тоа го работиме. Правната држава треба да функционира, но во исто време поделена држава не е држава која оди напред. Секој кој ќе го нападне другиот политички профитира. Покажавме во случајот со односот кон соседите и ситуацијата дома дека сакаме да водиме грижа за државата, а не партиските интереси. Партиски и лични интереси не треба да доминираат, премиерот беше многу јасен, влеговме во ова за да успее Македонија“, рече Шекеринска.