Јанушев: Договорот е мртов, референдумот е неуспешен

Јанушев во Топ Тема на Ваша Страна, за денешното повлекување на ВМРО – ДПМНЕ кажа дека нема потреба од јалова дебата.

Договорот е мртов, референдумот е неуспешен. Сигурен сум во нашиот став и дека пратениците од опозицијата ќе останат доследни. Граѓаните кажаа дека Договорот е мртов, не опозицијата. Ова раководство на ВМРО – ДПМНЕ е уверено дека може да има подобар договор, додаде Јанушев.

Јанушев реагираше дека власта сама го водела преговарачкиот процес без да ја консултира опозицијата: „Ние ги баравме лидерските средби. Не бевме информирани за текот на преговарачкиот процес“.

Премиерот Заев треба да ја превземе одговорноста за фактот дека Македонија е во ќорсокак“. „Ние кажавме дека доколку референдумот помине ќе ја поддржиме одлуката. Дали ќе има избори или не, не зависи од ВМРО – ДПМНЕ, кажа Јанушев, и додека дека доколку сепак се одржат избори: „Апсолутно сум сигурен дека ќе победиме на изборите и ќе оформиме Влада“.