
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски порача дека единството во националниот тим останува и покрај разочарувачкиот настап на гостувањето во Ереван.
Критиките за Ерменија ги заслуживме и стоечки ќе ги издржиме. Но, нема сила што ќе го скрши нашето единство, кусо изјави Ангеловски за веб-страницата на ФФМ.
Македонија во вторникот загуби од Ерменија со убедливи 4:0, во Д-групата од Лигата на нациите.
И покрај овој пораз „црвено-жолтите“ имаат шанса со една победа и еден нерешен резултат на последните два натпревара против Лихтенштајн и Гибралтар да го обезбедат првото место во групата и да се пласираат во Ц-лигата од новото натпреварување на УЕФА.