
Првиот слободен тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Америка на влажната патека во Остин помина во знакот на „Мерцедес“.
Најдобро време забележа лидерот во шампионатот, Луис Хамилтон кој го извозе најбрзиот круг за 1: 47.502.
Неговиот тимски колега, Валтери Ботас имаше за 1.304 послабо време во својот најдобар круг.
По пилотите на „Мерцедес“ следеше двојката на „Ред Була“, а поблизок до Хамилтон беше Макс Ферстапен (+1.345), додека Даниел Рикардо задоцни за 1.824 .
Петто и шесто време имаа Себастијан Фетел и Кими Раиконен на „Ферари“.
Дождот го направи првиот тренинг монотон, а накратко беше прекинат откако Шарл Лелер поради излетување нанесе песок на патеката.