
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Од сабота следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните темпратури позначително ќе опаднат.