
Министерството за економија и Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје денеска ќе потпишат договор за кофинансирање за технолошки парк во рамки на универзитетот.
Договорот ќе го потпишат министерот за економија Крешник Бектеши и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Положани.
Кофинансирањето на технолошкиот парк на Универзитетот „Мајка Тереза“ е согласно мерката за финансиска поддршка за основање на нов технолошки парк во рамки на универзитетите во Македонија како дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2018 година.
МИА