
Веќе следната година на најголемиот светски тениски турнир во Вимблдон повеќе нема да има можност да се играат тридневни маратони, како што беше оној меѓу Џон Иснер и Николас Маут, кој е одигран во 2010 година и заврши со победа на Американецот од 70:68 во петтиот сет, бидејќи при резултат 12:12 во решавачкиот сет за победата ќе решава „тај-брекот“, соопштија во петокот од All England Club.
Правилото ќе биде применувано во сите конкуренции, а ќе се игра „тај-брек“ до седум поени и со најмалку два поена предност.
„При носењето на одлуката ги анализиравме податоците за натпреварите во последните дваесет години, го сослушавме и мислењето на играчките, на играчите и на судиите, а ги земавме предвид и другите фактори, како што е согласување на распоредот и доживувањата за гледачите“, изјави претседателот на All England Club, Филип Брук.
Вимблдон со тоа му се придружува на УС Опен, кој досега беше единствениот Грен-Слем турнир во кој „тај-брекот“ решаваше за победникот или побеничкта, само што во Њујорк се игра уште при резултатот 6:6 во решавачкиот осет. Се очекува и Аустралиа Опен и Рона Гарос наскоро да го следат овој пример, како што беше случајот и со Дејвис Купот, каде „тај-брекот“ во решавачкиот сет е воведен пред две години.
„Според нашето мислење дојдено е времето за воедување на тај-брекот во мечевите кои не завршуваат во текот на решавачкиот сет во некоја прифатлива разултатска рамка. Свесни сме дека таквите дуели, кои имаат догли решавачки сетови, ги има многу малку, а нашиот впечаток е дека тај-брекот при резултатот 12:12 е урамнотежено решение и им дава многу можности на играчите за победникот да решаваат врз основа на правилата од два гема предност. Воедно, тоа ни дава можност дека мечот ќе заврши во прифатлива временска рамка“, заклучува Филип Брок, аргументирајчи ја одлуката на водството на најстариот и најпознатиот тениски турнир на светот