
Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос се огласи со реакција на денешните случувања во Собранието во Скопје.
Лидерот на партијата Независни Грци на својот профил на Твитер рече дека е засрамен што во Европа за вредности во демократијата се сметаат закани со одење во затвор или мито од 2 милиони евра „црни пари“ за да го добијат нечиј глас.
Каменос, кој е коалициски партнер на Ципрас во Владата на Грција е противник на Договорот од Преспа.