
Фудбалерите на „Јувентус“ ја прекинаа серијата од десет победи откако на домашен терен ремизираа со „Џенова“, за која Горан Пандев одигра само неколку минути.
„Јувентус“ дојде во водство во 18 минута со голот на Роналдо, кој среќно погоди еден отпадок. Троецот Роналдо, Манџукиќ и Квардадо во нападот имаше чанси, но не успеја да реализират. Казната дојде во 67 минута, кога „Џенова“ искорист грешка на домачините и преку Беса го израмни резултаот.
Во продолжението „Јувентус“ уште повече го засили нападот со Дибала, но резултатот остана ист. Нашиот капитен влезе во игра во 85 минута и заработи жолт картон.