
Најголемата опозициска партија не може да се води со калкулантски однос, со истовремено намигнување кон членството и кон политичкиот ривал и меѓународниот фактор. Затоа бараме вонреден Конгрес за проветрување и ново раководство, порачаа членови на т.н. Демократска фракција во ВМРО ДПМНЕ зад која стојат Јован Кекеновски, Филип Петровски и други членови на партијата.
Некој треба да понесе одговорност зошто не се послуша советот на фракцијата за пратениците да поднесат оставка на функцијата поради реалната опасност и можност од уцена, од закани и нивно купување. Актуелното раководство на ДПМНЕ свесно и намерно ги доведе дел од пратениците во таква ситуација. Потребена е политичка одговорност за водењето на калкулантската политика“, истакнуваат од Демократска фракција во ВМРО ДПМНЕ.
Ваквото нивно барање доаѓа по поделбата на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и исходот од синоќешното гласање во Собранието на Република Македонија за пристапување кон уставни измени за промена на името и ратификацијата на Договорот од Преспа.