
Италијанскиот министер за внатрешни работи , Матео Салвини наредил испраќање на полиција на границата со Франција , поради тоа што од соседната земја ги враќаат мигрантите во Италија.
Салвини наредил да се испратат полициски сили долж границата со Франција за да се спречи влез на мигрантите.
Тоа е по кој знае кој пат злоупотреба од француските власти. Тие ја искористија добрата волја на нашата полиција и затоа последиците се такви што мораме да пратиме патролни возила кои ќе ја контролираат и заштитуваат границата, напиша Салвини на социјалните мрежи.
Салвини поставил и фотографии од местото каде што француската полиција оставила тројца мигранти на италијанска територија и потоа се вратила во Франција.
Од Француската полиција наведуваат дека лицата се вратени зашто немале документи , а земјата ги користи регулативите на ЕУ во справувањето со мигрантите.