
На местото на кое се урна рускиот авион за обука, Л-39, се најдени остатоци од тела.
Авионот во четвртокот се урна во Азовското Море ,на југот на Русија во областа Краснодар. Спасувачките поморски екипи од морето извлекле остатоци од две тела , а потрагата продолжува.
Пронајдени се два дела од тела . Потрагата по пилотите продолжува. Од водата се извлечени околу 50 парчиња од авионот , соопштуваат воздухопловните власти. Двајцата пилоти се катапултирале по несреќата , по што почнала потрагата по нив. Авионот паднал во морето и потонал.
Не е познато дали пилотите преживеале и затоа потрагата продолжува и покрај деловите од телата најдени во морето.
Авионот се урнал во тек на тренажен лет , а причината за падот е технички проблем.