
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ излезе со коментар по најавата дека од Косово ќе се повлечат војниците на УНМИК.
Дачиќ оцени дека нема услови за промена на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН ,со која на Србија и се признава територијалниот интегритет и суверенитет над Косово и порача дека е научна фантастика повлекувањето на трупите на УНМИК од Косово.
Тој го коментираше барањето на амбасадорката на САД во Обединетите Нации , Ники Хејли до Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш за повлекување на УНМИК од Косово.
Дачиќ оцени дека тоа нема да може да се случи без гласовите на Русија и на Кина во Советот за безбедност на ОН.
Може Америка да пишува колку што сака , нема промена на Резолуцијата 1244 без согласност на Советот за безбедност . Нема да се случи УНМИК да си замине од Косово и Метохија . Тоа единствено може да се случи доколку Кина и Русија гласаат за , што е научна фантастика, изјави Дачиќ за Тв Прва.