
Италијанскиот Tuttosport тврди дека Бразилецот Марсело побарал трансфер од „Реал Мадрид“ во „Јувентус“.
Веста ја пренесе и шпански Ас, според која, Марсело сака да му се приклучи на Кристијано Роналдо во редовите на „Бјанконерите“.
Наводно „Јувентус“ веќе го разработил економскиот аспект на големиот трансфер. Се вели дека трансферот на 30-годишниот лев бек на „Реал“ ќе чини меѓу 50 и 60 милиони евра. Во случај Марсело да дојде во Торино, „Јувентус“ ќе го испрати вториот Бразилец, Алекса Сандро на позајмица во неименуван клуб од Премиер лигата.
Веста за барањето на Марсело доаѓа во моментот кога „Реал“ го тресе голема криза, кога се без победа во пет натпревари по ред и кога се тресе тренерската клупа на Хулен Лопетеги.
Сепак, Марсело во септември во разговорот за клубската телевизија на „Реал“ се заколна на верност на „Кралскиот клуб“.
Среќен сум во Мадрид. Луѓето знаат каква е мојата ситуација, имам повеќегодишен валиден договор и многу сум среќен тука. За мене „Реал“ е најдобар во светот , рече Бразилецот.