
Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска е во посета на Македонија, претпладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Палмер во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на политичките партии.
По средбата со премиерот Зоран Заев, предвидена е заедничка прес конференција во 18:00 часот во владата на РМ.