
Лансирањето на ракетата- носач „Сојуз-ФГ“, прво по инцидентот што се случи на 11-ти октомври, е закажано за 18-ти ноември, соопшти денеска неизвесен извор од Ракетно- вселенската индустрија на Русија.
Според изворот, ракетата ќе биде лансирана со товарниот брод „Прогрес МС-10“, пренесува Тасс.
Пред скоро две недели, дојде до инциденти при лансирање на ракетата „Сојуз“ кон Меѓународната вселенска станица кога дојде до хаварија на носачот.
Рускиот космонаут, Алексеј Овчинин и неговиот американски колега, Ник Хејг беа принудени да се катапултираат поради дефект на моторот на поттиснувачот само неколку минути по ланссирањето.
Ракета беше лансирана од космодромот Бајконур во Казастан, а шест часа подоцна требаше да пристигне во Меѓународната вселенска станица.