
Новинарот Миленко Неделковски, кој пред три дена доби кривична пријава за ширење говор на омраза на социјалните мрежи, уапсен е на неговиот имот во Градско, дознава „Нетпрес“ неофицијално.
Предметот кој го отвори Основното јавно обвинителство се однесува на негови постови на Фејсбук во однос на пожарите што неодамна ја зафатија Грција, односно поради промовирање на омраза кон одредена етничка група.
Пред неколку часа Александар Пандов на својот ФБ профил објави дека полиција е пред домот на Неделковски и дека „не го бара за да го чува, туку за да го апси“.
Неделковски на својот фејсбук профил напиша: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…
Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.
Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.
Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.
Смрт на фашизмот – слобода за народот.
Од Министерството за внатрешни работи, засега нема официјална потврда за апсењето на Миленковски.