Рангелова: Ни треба чекорење напред, а не прочистување

Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме. Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано, порачува пратеничката Даниела Рангелва која побара единство на партијата, а не поделби.

 

Проевроатлански ориентирано а не изолирано! Ни треба разум и храброст а не очај и паника! Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување! Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното! Ни треба зајакнување а не недоверба! Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност! Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност! Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството! Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ! Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност! Честит 23ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“, се наведува во реакцјата на Рангелова.

Нејзината реакција следеше по реакциите на поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Митко Јанчев, кои беа исклучени од партиското членство на синоќешната седница на највисокото тело на партијата.