
Среќен добитник потенцијално го освоил најголемиот џекпот во светот кој изнесува неверојатни 1,6 милијарди долари на американската Мега Милиони лотарија, пишува Индепендент.
Џекпотот од 1,6 милијарди е најголемата награда во историјата на САД, а по плаќањето на даноци и други давачки на победникот ќе му останат 913 милиони американски долари.
Официјални лица на лотаријата од Јужна Каролина објавија дека во државата е продаден еден билет со погодени сите шест бројки, додека податоците од другите земји допрва треба да дојдат.
Објавено е и дека 15 играчи погодиле пет броеви со што заработиле по милион долари, а големите добивки привлекоа милиони играчи кои во долги редици чекаат да платат 2 долари за тикет.
Среќниот добитник може да избере дали веднаш да му се исплатат 913 милиони американски долари, или сака да добива на рати на 29 години целата сума од 1,6 милијарди долари.