Работници во Македонска пошта украле околу 166 илјади денари

Двајца вработени на шалтер во подружница на Македонска пошта во Битола неовластено земале 165.942 денари.

Полицијата соопшти дека се работи за лица на возраст од 52 и 53 години, со иницијали Љ.Г. и В.С. од битолско.

Минатиот месец првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари. Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола,  неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани, соопшти полицијата.