Упорен навивач на „Јунајтед“ направи селфи со Роналдо

Фудбалерот на „Јувентус“, Кристијано Роналдо беше задоволен по победата над „Манчестер Јунајтед“ на „Олд Трафорд“ па не му пречеа двајцата навивачи на домаќините, кои влегоа во теренот да го поздрават.

Првиот навивач по само четири минути успеа да влезе на теренот и речиси стигна до целта. Дури и кога редарите го соборија на теренот, навивачот продолжи да ползи кон Роналдо, кој му подаде рака пред да го изнесат надвор.

Другиот навивач беше потрпелив и го чекаше крајот од натпреварот да се поздрави со Португалецот. И тој беше запрен од редарите пред да стигне до Роналдо, но фудбалерот имаше разбирање, па се согласи и да направи селфи со навивачот.