
Четири слики на британскиот уличен уметник познат само по псевдонимот Банкси се продадени во средата вечерта на наддавање во Париз, а ниту едно од нив не ја дожиеа судбината на неговата слика којашто се самоуништи сечејќи се на парчиња веднаш откако беше продадена на аукција во Лондон претходно во октомври.
Меѓу продадените дела во акциската куќа на Елисејските полиња беше и сликата на Банкси коајшто ја прикажува британската кралица Викторија од XIX век во необична сексуална поза со друга жена. Продадена е за 11.700 евра, додека неговата платно „Конзерва со супа“ е продадена за 46.800 евра. Уште едн дела на Банкси коешто ја прикажува Дорото од „Волшобникот од Оз“ и полицаец специјалец кој со раце со гумени ракавици ја пребарува нејзината кошница.ж
Најскапото дело на наддавањето, работа на американскиот уметник познат како KAWS нарелено „Без наслов“ (Мифи јаде), е продадено за 123.500 евра.
Меѓутоа, не се повтори настанот од 5-ти октомври кога на наддавањето на Sotheby’s во Лондон кога сликата на Банкси „Девојче со балон“ сама се уништи се уништи со машина за сечење хартија сокриена во рамката веднаш откако се слушна последниот удар на аукцискиот чекан.
Уметникот веднаш објави видео кое покажуваше како во текот на врамувањето на делото сокрил сечкач на хартија. Платното, откако беше исечкано, го преименуваше „Љубовта е во кантата“, соопшти Sotheby’s.
Инаку сликата за 1,2 милиони евра ја купи европска колиционерка којашто подоцбна објави дека по првичниот пол одлучила да го плати делото, сметајќи дека со тоа поседува дел од уметноста.