Палестинскиот џихад објави примирје со Израел

Организацијата Палестински исламски џијад (PIJ), милитанта група којашто дејствува во Појасот Газа, објави во саботата дека ќе престане со ракетирањето на израелска територија по примирјето коешто е постигнато со посредување на Египет.

Оваа објава следеше откако споменатата организација ја преземе одговорноста за истрелувањето на повеќе од 30 ракети врз Израел во петокот и во саботата, на што Израел одговори со воздушни напади врз 80 воени цели во Хамаз во Газа. Групата во изјавата наведува дека репшител да престанат со лансирањето на ракетите по египетските напори на смирување на состајбата состојба во Газа и спречување на натамошната ескалација меѓу Израел и милитантите во Газа.

Речиси во иствореме кога и PIJ објави дека го прекинува ракетирањето, Израел соопшти дека погодил осум цели на оваа групација во крајбрежната енклава. Израел претходно ја обвини милитантната група дека дејствува по налог на Иранската ревоулицонерна гарда и Сирија.

„Палестинскиот исламски џихад стрелаше под водство, иснтрукции и поттикнување од Дамаск, кој исто така е блиско поврзан со специјалните единици на Иранската револуционерна гарда Кудс“, изјави за новинарите портпаролот на израелската војска во саботата.

Египетските посредници се обидуваат да псотигнат долгорочно примирје меѓу исламистичкото палестинско движење Хамас, коешто владее во Појасот Газа, и Израел. Палестинскиот исламски џихад, пак, е помала милитантна група во Газа, којашто делува независно од Хамас.