
Бројот на жртвите од вооружениот напад во синагогата во градот Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија изнесува 11 лица, соопшти на прес-конфњеренцијата шефот на управата ја јавна безбедност на градот Вендел Хисрич, која ја пренесуваше телевизијата Fox News.
„Имаме единаесет жртви, меѓу кои нема деца“, рече Хисрич. Според него, бројот на ранетите не е променет и изнесува шест лица, од кои четворица се полицајци.
Осомничениот кој во пресртелката со полицијата и самиот е ранет, е идентификуван како Роб Бауер. Овој 48-годишник влегол во синагогата „Дрвото на животот“ во текот на службата за еврејското празнување на шабат со антисемитски пароли викајќи „сите Евреи треба да умрат“.
Медиумите го најдоа осомничениот на социјалните мрежи и наведуваат дека станува збор за лице кое е лседбениј на нацистите и на Адолф Хитлер. Покрај тоа, медиумите велат дека осомничениот искажувал омраза и кон американскиот претседател Доналд Трамп, за кого сметал дека се наоѓа „под контрола на Евреите“.
Самиот Трамп претходно во саботата изјави дека пукањето во синагогата во Питсбург нема поврзаност со законите за контрола на оружјето и дека резулатите би биле поинакви доколку во храмот имало повеќе заштита. Претходно пак поранешниот претседател на заеднциата, Мајкл Ејсенберг изјавил дека полицјата е присутна во овој храм само во текот на поголемите празници. „Во деновите како што се овие, вратите се отворени, тоа е верска церемонија и може да се влегува и излегува“. Повеќето посетители главно биле повозрасни лица, и според поранешниот рабин имало околу 40 верници.жж
Трамп за новинарите пред влегувањето во претседателскиот авион изјави дека последниот случај на масовно пукање покажуваат дека САД треба да ги заострат своите закони за смртната казна.
„Една од работите коишто треба да се направат околу законите поврзани со оружјето, е да се направат построги во однос на смртната казна.. Кога луѓето прават вакво нешто треба да добијат смртна казна“, заклучи американскиот претседател.