Русија, Германија, Франција и Турција повикаа на траен мир во Сирија и што поскоро носење нов устав

Челниците на Русија, Германија, Франција и Турција во саботата ја истакнаа важноста од воспоставуањето долготрајно примирје во Сирија и порачаа дека комисијата за создавање нов устав треба да се состане до крајот на годината, а рускиот претседател Владимир Путин проача дека Москва го задржува правото за уништување на џихадистичките терористички групации кои во покраината Идлиб не го почитуваат руско-турскиот договор за деескалација со кој се создаде појас кој ги разделува опозициските сили кои ги поддржува Анкара и силите на владата во Дамаск

Челниците на четири држави кои се сретнаа на самитот во Истанбул дискутираа за ситуацијата во Сирија, каде што оваа седмица се засилија судирте во последното упориште на исламистичките бунтовнции каде што во напад на џихадистичката организација Исламската држава се убиени шеесетина припадници на Слободната сириска армија (FSA) којашто ја поддржува Турција. Тоа ја истакнува кревкоста на договорт со кој се имаше цел да се избегне масивна офанзива на владините сириски сили.

Турција, којашто ги поддржува сунитските бунтовнции протиставени на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад, и Русија којашто е негов главен странски сојузник, во септември постигнаа договор со кој во северозападната покраина Идлиб се создаде демилитаризирана зона. Меѓутоа, џихадистичките групации како Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, сега наречена Хајат фатих ал-Шам, односно сириското крило на Ал Каедам, го отфрлија овој договор и вршат напади и во соседната покраина Алепо, која е упориште на валдините сили .

Идлиб и околните области се последните упоришта на бунтовниците коишто во март 2011 година се побунија против владата во Дамаск поттикнати од околнуте сунитски арапски земји по примерот од ткн Арапска пролет. Во оваа област живеат околу три милиона луѓе од кои полвеќе од половината се бунтовници кои со семејствата се префрлија таму од областите кои ги поврати сириската армија.

„Русија и Турција постигнаа догвото кој мора строго да се псроведе, За тоа се дадени гаранции… Ќе бидеме многу будни за да се осигуриме дека тие обврски задоволуваат и се применуваат стабуилно и одржливо. Сметаме на Русија да изврши многу јасен притисок врз режимот кој и’ должи за своето преживување“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека без разлика на тоа што степенот на насилства во Сирија значително е намален, важна задача останува ликвидацијата на радикалните елементи. Москва смета, додаде, дека Турција што е можно поскоро ќе го осигури излегувањето на опозицијата од демилитарисизраните зони во Идлиб.

„Доколку радикалните елементи ја попречуваат оваа задача, прават вооружени порвокации од зоната во Идлиб, Русија го задржува правото да му даде поддршка на сириското раководство за ликвидација на овој тетрористички извор на закани“, изјави рускиот челник.

Путин посочи дека Турција прави се’ што е возможно за повлекувањето на вооружената опозиција од зоната. „Поаѓаме од тоа дека создавањето на демилитаризираната зона, исто како и самата созна на деескалација во Идлибн, е привремена мерка“, изјави Путин додавајќи дека задачата не е лесна.

Макрон, Путин, како и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел повикаа на форимирање уставотворна комисја до крајот на година, се наведува во заедничката изјава. Ердоган за новинарите изјави дека тоа треба да се направи што е поскоро можно и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на годинава.

Учесниците на мировната конференција за Сирија во јануари во Сирија договорија фомирање 150-член комиттет кој ќе работи на измени на уставот на Сирија. Третината треба да ја избере владата, третина опозициски групации, а третина Обединенетите нации. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура,во петокот истакна пред Советот за безбедност дека Дамалс сака ОН да помогнат во пишување на уставот, но не и да одбере третина во комисијата.

Под притисок на Русија, владата во Дамаск го измени првпат сирискиот устав уште во април 2011 година, еден месец по почетокот на бунтот, со што се овозможи и политичка опозиција а социјалистичката Баат партија го загуби статусот државотворна. Оттогаш беа направени уште неколку преправки, но тие не ја запреа крвавата војна кој се претвори во конфесионален судир од регионални и глобнални рамки. Претседателот Асад неодман повтори дека ја отфрла идејата за федерализација на Сирија, како што предлагаат некои сили, со што и Курдите би добиле единица, на што се спротиставува и Турција.