
Триесетгодишната српска актерка Ивана Млаѓовиќ, која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на нејзин пријател во Крагуевац, пренесува порталот на весникот Блиц.
Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „плејбој зајачица“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чијшто стан била.
Покрај неа, во несвест е пронајден и нејзиниот вереник, кој итно е префрлен во болница. Според последните информации, дошол при свест и се опоравува