Канчевска координатор на новата пратеничка група

Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни
промени, во петокот поднеле официјално барање до собранискиот спикер, Талат Џафери да формираат
нова пратеничка група. Како што Џафери ги извести координаторите на пратеничките групи на редовната понеделничка координативна средба, координаторот на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“ е Елизабета Канчевска-Милевска.

Новата пратеничка група со работата треба да почне од наредниот понеделник.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вообичаено не беа на координацијата, но се очекува во текот на денот Џафери да има посебна средба со координаторот Драган Данев, исто како и со Канчевска.
ВМРО-ДПМНЕ се уште го нема доставено со Собранието и најавениот предлог-закон за амнестија за случувањата во Собранието од 27 април, но не се пристигнати нацрт-амандмните за уставните измени.