Трагедија во Индонезија: Авион се урна во море, загинаа 188 луѓе

Патнички авион со 188 патници и членови на екипаж ноќеска се урна во море само неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Џакарта.

Спасувачите пронашле остатоци од „Лион Ер Боинг 737 Макс 8“ во близина на Караванг во провинцијата Западна Јава, на околу 70 километри источно од Џакарта, изјави шефот на националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија, Мухамед Сјауги.

Се верува дека трупот на авионот е на дното на морето на длабочина од околу 35 метри.

Авионот требало да лета до Пангал Пинанг, главниот град на Бангка Белитунг Острови.

Изгубил контакт со контролата на летање неколку минути по полетувањето.

Се работи за авион боинг 737 MAX 8, кој е нов тип на авион со само 800 часа лет.

Предмети за кои се верува дека припаѓаат на патниците се пронајдени во водата, меѓу кои лични карти и возачки дозволи, објави агенцијата за пребарување и спасување на Твитер.

Не знаеме уште дали има преживеани, изјави за новинарите шефот на агенцијата,  додавајќи: “Се надеваме, ние се молиме, но не можеме да потврдиме”.

Претходно на прес-конференција, официјални лица соопштија дека во авионот биле 178 возрасни, едно новороденче и две бебиња, како и двајца пилоти и пет членови на екипажот. Но, податоците за точниот број на лица што се во авионот се контрадикторни и се движат од 181 до 188.

Авионот полетал од Џакарта во 06:20 по локално време, во понеделник наутро (или 23:30 СЕВ во неделата).

Требало да пристигне на аеродромот Депати Амир во Панкал Пинганг еден час подоцна, но 13 минути по полетувањето, изгубен е контакт со авионот.

Пилотот побарал да се врати на аеродромот во Сокарно-Хата во Џакарта, изјави директорот на канцеларијата за пребарување и спасување на Панкал Пинанг, Дананг Приандоко.

Компанијата Лајон Ер во изјавата изјави дека пилотот и копилотот биле искусни, со повеќе од 11.000 часа на летање.

Најмалку 20 вработени од Министерството за финансии на Индонезија биле во авионот, објави Би-Би-Си.

Во 2013 година, авион на “Лајон Ер” се урна во морето при слетување на меѓународниот аеродром во Бали, а сите 108 патници преживеаја. Во 2004 година, авион од Џакарта се урна и се распадна при слетувањето во Соло Сити, при што загинаа 25 луѓе.

 

Во 2011 и 2012 година компанијата се поврзуваше со серија инциденти каде кај пилотите беа пронајдени метамфетамините, при преглен неколку часа часа пред лет.